Андов: А што мислеше опозицијата,па ќе има уште сопки со договорот

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Прогнозите за жалбите  на обвинителите се поделени: едни сметаат дека нема да бидат прифатени, други – дека Апелацискиот суд ќе чека да биде именуван специјален обвинител, кој потоа ќе постапува по тие предмети.

stojan_andov_419378612

„Обвнителите имаат две опции – или да се солидаризираат со судската одлука или да се жалат. Но, би било нелогично да не се жалат, бидејќи тогаш вината на Судот ќе се префрли на нив. Сега ќе чекаме да видиме што ќе реши Апелацискиот суд“, вели Андов за Дојче Веле.  Според него, опозицијата наместо да биде изненадена, требало навреме да обезбеди механизми за превенирање на ваквите постапки.

„Однапред се знаеше дека ќе има отпор. Имајќи ги предвид забелешките и препораките во Извештајот на Прибе, партиите потписнички на Договорот требаше да бараат од Судот да постапува во согласност со практиката на Судот во Стразбур. Инаку, повеќе од јасно е дека ова нема да биде единствен проблем. Ќе има драматични пречки и по други прашања од Договорот. Врз основа на Извештајот на Прибе, опозицијата требаше да излезе со своја програма, свој акциски план, а не да остави празнина која власта сега ја користи за свои цели“, укажува Андов.