Андов: Државата сме ја направиле и мораме да ја сочуваме

од Nikola Popovski
344 прегледи

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов порача дека прогласувањето на независноста на Република Македонија на 8 септември 1991 година била голема должност.

-Во едно важно време, се случи да имаме способни луѓе. Тогаш многу добро ја поставивме работата и се оствари тоа што го планиравме. Ја поставивме економската состојба на државата, како и меѓународните односи. Тоа беше цврсто време, изјави Андов.

Според него, Европа е построена на оваа линија, по која ние тргнавме на време.

-Не верувам дека некој како Бугарија може да ни попречи, рече поранешниот спикер во Собранието.

Тој смета дека секој треба се што е можно да направи, за да функционира државата.

-Државата сме ја направиле и мораме да ја сочуваме, нема друг излез, рече Андов во Тема на денот на Тв Сител.

Слични содржини