Андреев: Ќе смениме нешто во играта и тактиката во однос на дуелот во Никозија

од desk3

 

Тренерот на македонскиот фудбалски шампион Вардар, Сергеј Андреев на денешната прес-конференција најави различно издание на неговите избраници во однос на првиот натпревар со АПОЕЛ во Никозија кога Вардар одигра 0:0.

download (3)

– По средбата во Никозија кажав дека сум задоволен од резултатот, но не и од играта, иако 0:0 не гарантираат ништо. Во случај да примиме гол ќе треба да постигнеме два. За тимот што игра на гости 55% веројатно е позитивен резултат, 45 негативен. Тие пет проценти јас ги акцентирам на играта и на тактиката што ќе ја правиме на домашен терен, истакна Андреев.

Тој верува дека Вардар има сила да дојде до поволен резултат, но не сакаше да открива детали за составот и формацијата на „црвено-црните“.

– Очекувањата кај нашите навивачи се големи. Некои дури не прогласија за победници. Сепак прво треба да се совлада АПОЕЛ па после да се гледа за понатаму. Кај нас во Русија велат „Не треба да се дели кожата од мечката додека не биде уловена“. Кипарскиот тим е многу силен, но и тие имаат слаби точки, рече рускиот стратег и додаде дека најмалку од се посакува победникот да биде решен на пенали.

Тренерот на Вардар ги повика навивачите да го исполнат „Филип Втори“.

– Многу е пријатно да се игра пред полн стадион. Што повеќе навивачи и гледачи, толку поубаво е да се игра. Знаеме дека играчите се под психолошки притисок, ама тие се професионалци и мора да се носат со таквиот товар, нагласи Андреев.

Реванш натпреварот од 2.коло во квалификациите за Лигата на шампионите меѓу Вардар и АПОЕЛ ќе се одигра утре од 20 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје./МИА

Слични содржини