Андресен од УНЕП: Шар Планина вреди да се посети и да се заштити

од Nikola Popovski
451 прегледи

Ингер Андерсен, извршна директорка на Програмата на Обединетите нации за животна средина УНЕП денеска ја посети установата Национален парк Шар Планина како и самото подрачје. Беше одржана и средба со мештаните, засегнатите страни и вработените во паркот.

УНЕП е еден од главните поддржувачи во процесот на прогласување за национален парк и изработка на Планот за управување со НП Шар Планина.

-Морам да им честитам на луѓето од овој регион, заедницата, секако и на Министерството за животна средина, затоа што тоа што го направија е исклучително добро. Тоа што го прогласија за национален парк, тие овозможија луѓето кои живеат во овој регион да ги добијат бенефитите, а секако надежта е дека туризмот, посетителите и економските активности навистина ќе се развијат, така што луѓето ќе престојуваат тука и повторно ќе се вратат. Јас гледам нешто многу убаво, не можам да опишам. Многу е убаво. Вреди да се посети и да се заштити. Во разговорите со мештаните – пчеларите, сточарите и другите, јасно е дека ако туристите дојдат овој регион ќе се развива, ќе донесе и работни места и многу други можности, изјави Ингер Андересен.

Извршната директорка на УНЕП воедно е потсекретар на Обединети нации.

Слични содржини