Андрети навестува кои би можеле да бидат возачите на Кадилак на дебито во Ф1

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Легендата на мотоспортот, Марио Андрети навести кои би можеле да бидат возачите на тимот на Кадилак на неговото деби во Формула 1, кое треба да се одржи следната година.

Проектот на Кадилак е поврзан со имињата на многу возачи, вклучувајќи го и возачот на Андрети во Индикар, Колтон Херта. Според Андрети, сепак, целта на тимот на Кадилак ќе биде да привлече барем еден возач со искуство во Формула 1 за да помогне во развојот на тимот во првите години.

„Идеално, би имале пилот со искуство. Си го даваме потребното време и го следиме пазарот. До одреден степен и овој проект е мое дете. Но, не барам работа или каква било постојана секојдневна позиција. Никогаш не сакав да бидам сопственик на тимот, јас сум натпреварувач. Имав многу понуди да станам инвеститор, но секогаш сум одбивал. Сакам само да имам база во боксот каде што ќе можам да останам“, изјави Андрети за Auto Motor und Sport.

Овие зборови на легендарниот Американец сугерираат дека возачи како Валтери Ботас, Кевин Магнусен, Серхио Перез, па дури и Гуању Џоу би биле кандидати за место во Кадилак. Сите четворица беа дел од Формула 1 до крајот на минатата година, но поради една или друга причина нема да имаат стартни позиции во новата сезона.

Слични содржини