Андревски: Кога се создаваше правен и општествен простор за приватни медиуми, се очекуваше дека општеството ќе покаже повисоко ниво на историски развој

од Stefanija Kuzmanovska

Кога се создаваше правен и општествен простор за приватни медиуми, се очекуваше дека општеството ќе покаже повисоко ниво на историски развој, повисока стапка на забрзаност во демократските процеси во културата, и тн. Сопствениците на медиуми во голем број случаи како делови од бизнисите, освен што беа дел од тој систем на стопанство, трговски, банкарски и други капацитети, истите бе лидери, и уште се некои лидери, на политички партии, каде што беше тешко и се уште е тешко да се разликува дека опреден медиум со национална фреквенција што поминал процес на добивање на таа фреквенција дека ќе биде различно гледањето во однос на политичката партија во која сопственикот е претседател на тој политички субјект, рече професор доктор Живко Андревски, комуниколог, во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека понекогаш се случувало сопственикот на медиумската куќа да претполага право над личноста на вработениот.

„Многу беше тешко да се замисли во некој медиум некој од новинарите да води активна програмска ситуација, авторски и уреднички а да биде активен член во некоја друга политичка партија“, истакна Андревски.

Тој констатираше дека не доминира ситуацијата новинарите го потврдуваат својот професионализам и субјективитет почесто, отколку кога не го потврдуваат.

„Ако порано било 70 отсто според сопствениците, 30 отсто повеќе слобода и авторство, сега тоа може да се сведе на 60 отсто авторство, а 40 отсто е под влијание на политички опции и политички интереси“, заклучи Андревски.

Слични содржини