Android 10 ќе открива сообраќајни несреќи

од Vlatko K
151 прегледи

Бета верзијата содржи информации за нова апликација Safety Hub, која најверојатно ќе биде
достапна првично само за сопствениците на Pixel смартфоните, нудени од Google.


Никакви детали за можностите на апликацијата се уште не се познати, освен што една од неговите
функции ќе помогне во автоматизирањето на откривањето на сообраќајни незгоди.

Паметниот телефон во автомобилот кој доживеал сообраќајка ќе може да утврди што точно се
случило. Не е јасно на кои информации ќе се базира работата на Safety Hub, но веројатно е дека
апликацијата ќе собира податоци од акцелерометарот и микрофонот.

Сè уште не е познато какви акции ќе преземаапликацијата кога ќе установи несреќа. Се
претпоставува дека апликацијата автоматски ќе повика итна помош.