Android 9 Pie има удел на пазарот под 0,1%

од Vlatko K
68 прегледи

По мала пауза, Google продолжи да објавува ажурирани податоци за дистрибуцијата на различни верзии на Android. Податоците се за уредите за пристап до Google Play за неделата, која заврши на 31-ви август.

Во податоците нема конкретни изненадувања. Двете изданија на Android 8 Оrео продолжија да добиваат интензитет и сега имаат вкупно 14,6%. Nougat останува најрспространетата Android верзија со учество од 30,8%, додека сите други изданија се намалени. Marshmallow е инсталиран на 22,7% од телефоните и таблетите, додека Lollipop сè уште има удел од 19,2%.

Со уште постарите верзии на оперативниот систем, речиси и да нема промени, но интересно е да се забележи дека Android 4.4 Kitkat, кој веќе има 5 години, сè уште се користи во 8.6% од уредите.

Android 9 Pie сè уште не е вклучен во статистиката, а причината за ова е тривијална. Google објавува само податоци за верзии на оперативниот систем со учество над 0,1% и очигледно Pie уште не ја достигнал оваа вредност. Ова е логично со оглед на фактот дека во моментов е достапен само за телефони од Pixel сериите и уште 2-3 модели од други производители.