Анџелина Џоли ги посети сириските бегалци во Турција

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Американската актерка Анџелина Џоли, специјален пратеник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), од Турција повика меѓународната заедница да преземе акција во врска со бегалската криза, пренесе Франс прес.

Заедно со високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш, Џоли посети бегалски камп во областа Мардин (југоисточна Турција), каде засолниште имаат над илјадници Сиријци кои избегале од војната.
Двајцата разговараа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е во градот Мардин по повод светскиот ден на бегалците.

djoli i erdogan
“Тука сме за една едноставна причина: тој реон е епицентар на светска криза. Околу 60 милиони луѓе се протерани од своите домови од најразлични конфликти во светот”, изјави холивудската ѕвезда на прес-конференција.
Не станува збор само за “криза со бегалците”, туку и за криза во светската безбедност и управување, која се манифестира преку масовен егзодус, истакна таа.

Во Турција според официјалните податоци има над 1,7 милиони сириски бегалци.
При посетата Џоли се сретна со нив и ислуша приказните за нивното бегство.
Претходно во текот на денот таа се проошета низ градот заедно со нејзината ќерка Шајло.
Според најновиот годишен извештај на УНХЦР, раселените и бегалците како резултат на многуте конфликти во светот во 2014 година достигнаа рекордни 60 милиони луѓе, главно поради сирискиот конфликт.