Ањели има нов план против УЕФА

од Vladimir Zorba
510 прегледи

По неуспехот на проектот минатата година пред неговиот почеток, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели не се откажува од „новата Суперлига“, пишува „Газета дело Спорт“.

Во април минатата година проектот на европската суперлига заживеа 48 часа, но беше затворен откако први се повлекоа англиските клубови по заканата од УЕФА и протестот на навивачите, а потоа и сите други, освен Јувентус, Реал Мадрид и Барселона.

Иницијаторите за создавање на споменатата лига, претседателите на Јувентус и Реал Мадрид, Андреа Ањели и Флорентино Перез и покрај заканите на УЕФА дека ќе ги дисквалификува од сите натпреварувања, сепак не се откажуваат, туку зад грб прават сличен проект.

Тоа ново натпреварување би го играле 24 клуба, но не се знае како и по кој критериум би се обезбедил пласманот.

Засега не се знае како на ова ќе реагираат челниците на УЕФА, кои лани јасно ставија до знаење дека ќе ги избркаат сите кои ќе играат во натпреварувања кои не се под нејзино покровителство.

Слични содржини