Анет Бенинг го предводи жирито на филмскиот фестивал во Венеција

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Американската актерка и добитничка на наградата “Златен глобус” Анет Бенинг го предводи жирито на филмски фестивал во Венеција. Тоа го соопштија од раководството на биеналето, што ќе се одржи од 30 август до 9 септември.

“Долги години жирито се предводеше од мажи и оваа година на функцијата е назначена жена со голем талент и инспирација”, изјави креативниот шеф на фестивалот Алберто Барбера.

Бенинг учествувала во популарни филмови како “Децата се добро” од 2010 година, “Американски прелет” од 1999 година, “Да се ​​биде Џулија” од 2004 година и многу други. За своите улоги таа беше номинирана четири пати за награда “Оскар”.

Бенинг се појавува и на театарската сцена, каде има улоги во претстави на Шекспир и Чехов. Во меѓународното жири кое ги дава наградите на филмскиот фестивал во Венеција, влегуваат уште деветмина претставници на филмската индустрија.

Оваа година, освен претседателот на жирито, промени ќе има и во традицијата актерка да говоди отворањето и затворањето на фестивалот. Оваа година тоа ќе биде актер – младиот италијански уметник Алесандро Борг.