ПО целата парада на телефони, ценсурирани прилози , про и контра за Телма , новинарката Јасминка Аневска на својот Фејсбук профил напиша дека стои зад црвениот телефон, но и на ставот за нејзините прашања до премиерот кои беа повлечени од прилогот по интервенција на директорот на Телма.

Screenshot_71-670x320

-Стојам зад секое затворање на телефонот,иако не беше лично мој. Не се согласувам со оценката на куќата за моите прашања до премиерот и јас од мојот став не се повлекувам.

Сепак, мислам дека преголем е товарот што се сака да се стави на моите плеќи, напиша Аневска, мислејќи на тие што се разочараа што не го поставила таа телефонот и што прифатила да учествува во кампањата на телевизијата, наместо самата да го изрази бунтот за забранетите прашања.

Кеенциденција или смислено токму новинарката која беше цензурирана ,  таа на вестите го почна проектот со црвениот телефон кој е смислен од маркетинг агенција и кој треба да упати порака до сите дека не се прифаќаат нарачани текстови и притисок врз телевизијата.

Подоцна на социјалните мрежи следеше расправа зошто биле тргнати прашањата до премиерот од вестите, а директорот на Телма, Атанас Кировски напиша дека тој оценил дека така требало да се постапи и дека прашањата не биле битни, туку одговорот на премиерот.

-Јас лично кажав да се извадат прашањата на Јасминка. Тоа е уредувачка политика на телевизијата. Не беше сокриена информацијата, прилогот беше премонтиран, напиша Кировски во полемика синоќа на Фејсбук.

Многумина професионалци од новинарската фела  во овој потег видоа цензура, и сметаат дека тоа е сепак многу битно за да гледачот биде точно информиран,  за да се знае што прашува новинарот а што одговара премиерот, за да се има вистинската слика како премиеорт одбегнува вистински,  а одговара само на нарачани прашања, или на тие кои се незгодни вели дека веќе одговорил. Токму  таа слика   недостасуваше  што се прашува а што се одговара и како информација  беше скриена во прилогот., од страна на уредништвото на Телма.

 

Слични содржини