Здружението на млади економисти на Република Српска, со поддршка и под покровителство на Министерството за европски интеграции и меѓународна соработка на Република Српска, се организатори на конференција под слоганот „Know How – ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН“ која се одржа во Бања Лука. На неа учествува и првиот човек на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски.
„Отворен Балкан значи отварање нови перспективи на заедништво ,заеднички политички и економски раст ,поврзување и можност за долгорочен развој и заеднички регионален пазар. Интернационализацијата е тренд кој мора да се следи за да се постигне и оддржи солиден раст и развој на бизнисите, поради тоа работиме континуирано на отварање нови пазари на нашите компании и привлекување инвестиции“, истакнал Ангелоски од Бања Лука.
Целта на годишната конференција е на едно место да се соберат претставници на институции и бизниси од земјите кои веќе се учесници во зоната Отворен Балкан, за да можат да ги споделат своите искуства и да учествуваат во дискусијата за поставените теми.
Конференцијата ја отворил претседателот на Владата на Република Српска, г. Радован Вишковиќ.