Ангелоски: „Отворен Балкан“ е можност регионот да има економски раст на долг рок

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Северна Македонија, Трајан Ангелоски, оцени дека „Отворени Балкан“ е една од ретките можности за регионот да произведе економски раст на долг рок.

„Самата идеја е благородна, бидејќи е нелогично да се има вонредна економска соработка со некои земји од западна и северна Европа, а нашите производи да се непознати за нашите соседи, иако сме блиски и имаме минимални транспортни трошоци“, изјави Ангелоски за српска „Политика“.

Како што наведе, „нашите економии се комплементарни и се надополнуваат една со друга“.

„Затоа мора да бидеме рационални и прагматични, да ги оставиме предрасудите и да ја гледаме економијата како соработка која може да ни донесе подобро утре“, рече Ангелоски.

Слични содржини