Ангелоски: Поскапувањето на горивата ќе изврши притисок на другите енергенси

од Nikola Popovski
297 прегледи

Претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски вели дека ќе мора да се преживее економската ситуација и поскапувањето на производите и горивата, но зависи која цена ќе ја платиме и колкави ќе бидат последиците.

-Еден дел е наметнат од надворешни фактори, а еден дел е создаден од реалиција на капитални работи и сметам дека е внатрешна последица. Искрен да бидам ме изненади тоа што Владата не ги продолжи антикризните мерки. Очекувавме одредено продолжување. Свесни сме дека не може да биде од големи размери, но моментот дека треба да се ублажат ударите, треба да биде амортизиран, смета Ангелоски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Тој додава дека ова зголемување на цените на горивата, ќе врши притисок на другите енергенси кои се битни компоненти во стопанството.

-Според најави очекуваме дека зимата и есента можат да бидат проблематични. Очекуваме брзи реакции. Во однос на електричната енергија, се очекуваат скокови во цената, додава Ангелоски.

 

Слични содржини