Ангелоски: Сегашната даночна реформа нема да помогне во борбата против сивата економија

од Nikola Popovski
220 прегледи

Претседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија, Трајан Ангелоски не смета дека даночната реформа ќе помогне во борбата против сивата економија.

Не сум убеден дека ќе помогне сегашната даночна реформа. За сивата економија, постојат меѓународни финансиски институции кои ја детектираат и велат дека околу 20% е сива, а 20% е црна. Нашата економија се состои половина од официјална, а половина од неофицијална, рече Ангелоски како одговор на новинарско прашање.

Околу вчерашните најави дека Стопанската комора ќе го оспори пред Уставен суд Законот за солидарен данок, Ангелоски вели дека ССК уште еднаш ќе го разгледаат во кој правец ќе иде нивното оспорување.

Овој данок дава погрешен сигнал и предизвикува преседан кој досега не се случил – да наметнувате одредени даночни оптоварувања надвор од пресметковниот период и се испраќа погрешен сигнал на сите кои работат и инвестираат во економијата, оцени претседателот на ССК.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески вчера најави дека ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за солидарен данок. Бизнис секторот, како што вели Азески, направил се за да се продлабочи дијалогот меѓу нив и власта, но, во услови кога партиските интереси се поважни повикува на заедничка платформа на бизнисот со универзитетите, медиумите, синдикатите и невладините организации.

Слични содржини