Претседателот на Достинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов смета дека новата доктрина на Христијан Мицкоски, кој ја најави на вчерашниот конгрес на партијата, ќе донесе нови ветришта во државата.
-Се разбира доколку не остават мртви букви на хартија. Се надевам дека искрено мислат работите. Исто така сметам дека Ковачевски ќе донесе нови ветришта во СДСМ и коалицијата, вели Ангелов во емисијата „24 анализа“.
Ангелов вели дека е оптимист и дека негативната реторика ќе се намали во наредниот период.
-Ако јас можев да се помирам со мојот воен непријател од 2001 година, поранешниот командант Абедин Зибери и другите ветерани од УЧК, не гледам причина зошто ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се помират и со тоа да се превенираат политички уцени од некој помал политички субјект, појаснува Ангелов.