Ангелов: Армијата ќе и асистира на полицијата во обезбедувањето

од Берта Китинска

Раководителот  на Главниот Штаб за управување со кризната состојба Стојанче Ангелов, изјави дека  на состанокот била разгледана потребата од учество на Армијата, за што дополнително ќе бидат утврдени здравствените објекти, што ќе треба да бидат обезбедувани од војниците.

„Во кризна состојба армијата може да даде поддршка. Армијата ќе и асистира на полицијата во обезбедувањето кога ќе биде потребно.Ние имаме продолжување на мерките кои се даваат во друга форма на веќе постоечките.На почетокот на пандемијата кога беше воведена вонредна состојба тоа беше направено затоа што имаше техничка влада. Бидејќи  уредбите мораа да се носат само во таа состојба.Сега нема потреба од вонредна состојба, туку кризна состојба , а алатките што ги има Владата се слични како во вонредна состојба“, објасни Ангелов.

Слични содржини