Претседателот на „Достоинство”, Стојанче Ангелов денеска до Собранието достави Предлог закон за измена и дополнување на постоечкиот Закон за бранители, со кој треба да се обезбеди обсештетување на 15-тина семејства на загинатите бранители од 2001 година како и на воени инвалиди кои останале необештетни.
Како што додаде, избработен е предлог-закон од нивна страна, кој нуди решение за овој проблем.
-Бараме за семејствата на загинатите бранители да се обесштетат 70.000 евра надомест за нематеријална штета и бараме по 50.000 евра за 100 процентен воен инвалидитет, рече Ангелов.
Во овој момент, како што додаде, според податоците постојат само четири воени инвалиди кои не се обештетени. Тој ги повика пратениците од македонски политички блок во Собранието да дадат поддршка, односно да се потпишат за овој Предлог закон да влезе во собраниска процедура.
Тој потенцира дека доколку иницијативата биде отфрлена, ќе ја напуштат владината коалиција.
ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за обесштетување на бранителите.
-Како партија одсекогаш сме давале поддршка на обештетувањето на семејствата на загинатите бранители и на воените инвалиди. Во изминатиот период неколку пати поднесувавме закони, меѓутоа знаете дека истите беа одбивани со договор помеѓу СДС и ДУИ, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.