Ангелов бара државниот врв да се поклони на Споменикот на бранителите: „Ахмети покажа како правилно се чествува“

од Nikola Popovski
210 прегледи

Претседателот на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција, Стојанче Ангелов бара од државниот и политичкиот врв на 26-ти март да дојдат на Споменикот на бранителите, да положат цвеќе и да се поклонат.

– Ги повикуваме претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, како и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски и лидерот на Левица и претседателите на помалите партии на 26-ти март во 12 часот, денот кога македонските безбедносни сили издвојуваа неспорна и убедлива победа над УЧК и да оддадат почит на загинатите, и живите бранители. За споредба, од страна на командантот на УЧК, Али Ахмети пред извесно на настан на кој што ги чествуваа загинатите од нивни редови, покажа како правилно се чествува. Тој еден по еден ги наброја сите жртви од УЧК, читајќи кратко CV од нив, рече Ангелов.

Тој смета дека ова барање нема да придонесе за влошување на меѓуетничките односи.

-УЧК си ги чествува нивните, а ние треба нашите борци, дециден е Ангелов.

Слични содржини