Директорот на ЦУК и лидер на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека бугарското малцинство во државата, порано или подоцна ќе влезат во Уставот. Сепак смета дека барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се издржани.
За почеток бараа Бугарија да признае три пресуди од Судот во Стразбур за македонското малцинство кои се задолжителни. Побараа и одложено дејство на уставните измени кога ќе влеземе во ЕУ. Стратешки тоа нема ништо да им смени на Бугарите, рече Ангелов во емисијата „Клик плус“.
Претседателот на Достоинство е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов нема да даде поддршка за промена на Уставот, иако не смета дека тоа е исправен став.
Сепак ВМРО-ДПМНЕ не беа вклучени во преговорите, истакна Ангелов.
Тој се осврна и на настанот од Тетово пред неколку дена при посетата на косовскиот премиер Албин Курти. Ги запраша партиите БЕСА и Алтернатива зошто им пречи македонското знаме, кое не беше никаде истакнато на собирот. Ангелов додаде дека и многу Албанци се разочарани од ваквиот потег и дека многу енергија трошиме за воспоставување на заеднички соживот.
Очекувам институциите да го пронајдат лицето кое го вееше знамето на Голема Албанија и да го санкционираат. Тоа ме иритира и мене како Македонец, во мојата земја да се вее такво знаме, кажа Ангелов.