Ангелов до ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се навредуваме, пратете ваш човек во нашиот штаб

од Берта Китинска
218 прегледи

Осврнувајќи се на нападите од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов истакна дека не знае од каде е потребата за навреди, омаловажувања и неосновани критики.

– Наместо да се навредуваме, пратете ваш човек, како што вчера побарав, нека дојде во нашиот Штаб, одблиску нека ја набљудува работата на Главниот штаб, можеби ќе даде некој добар предлог, ние немаме отпор, секој добар предлог даден од кој било граѓанин на оваа држава ние ќе го прифатиме. Ние немаме време за филозофирање, бидејќи секој ден гаснеме пожари. Вчера имаше 14 активни пожари, во овој момент има само четири. Се надеваме дека најмалку еден од овие четири денеска ќе биде целосно изгаснат, а тоа е пожарот во општина Берово над селото Будинарци,  посочи Ангелов.

Слични содржини