Ангелов: Договорот со Бугарија нè внесе во НАТО, но свесни сме дека има слабости

од Nikola Popovski
283 прегледи

„Не е добро за г-динот Стевче Јакимовски да продуцира ваков гнев и омраза која што потоа се спушта надолу и граѓаните помеѓу себеси си ги вадат очите, а тоа е една од причините поради која нашите позиции како Македонци ослабуваат“, изјави претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов во емисијата „Само вистина“, обраќајќи му се на претседателот на Гром, Стевче Јакимовски.

Според него, коментарите и навредите на Јакимовски се неприфатливи.

„Договорот со Бугарија ни овозможи влез во НАТО и свесни сме дека има слабости кои можат да се користат за стопирање на патот на Македонија во ЕУ. Јас очекував вакви препреки од одредени ликови од Бугарија, не од целиот бугарски народ. На овој начин само го разгневуваме нашиот народ против бугарскиот. На добар дел од Бугарите воопшто не им е гајле дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин. Каракачанов сака да добие политички поени во период во кој во Бугарија има протести кои што имаат за цел рушење на владата. Исто така, да не заборавиме дека Бугарија е на дното на ЕУ по нивниот економски стандард и по нивото на корупција“, вели Ангелов.