Ангелов: Државата е подготвена за евентуални пожари – авионите се сервисирани, имаме четири армиски и полициски хеликоптери

од Nikola Popovski
232 прегледи

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека како држава сме целосно подготвени во гаснење на пожари, доколку се појават. Оваа година, како што рече, ќе имаме три авиони „Ер-трактори“ на Дирекцијата на зашатита и спасување. Едниот е функционален, а другите два треба да стигнат во секој момент.

Истите се сервисирани и секој момент треба да пристигна во државата. На располагање имаме два армиски хеликоптери кои имаат ограничување бидејќи се тешки воени хеликоптери. Во најжешките часови не можат да се корситат, бидејќи не е безбедна нивната употреба за екипажот. На располагање имаме и два полициски хеликоптери, со можност да биде ставен на располагање и трет, кажа Ангелов на прес-конференција.

Покрај леталата, како држава имаме и зголемен број на пожарникари. Како што кажа Ангелов, годинава на располагање се 935 пожарникари. Според него, достапни се и 36 терени возила за гасење на шумски пожари, како и 56 теренски возила за превоз на пожарникарите.

Слични содржини