366
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека во тек е изработка на барање до ЕВН, со кое што тие треба да ги проверат нивните жици, бидејќи во неколку случаи е утврдено дека пожарот настанал од искрење на жици од бандери или далноводи.
-Искрите паѓаат на земја и доволно е само една за да предизвика пожар. Во кумановскиот регион виделе искрење на жици. Пожарот во Богословец е предизвикан токму од ова, изјави Ангелов.
Според него, во моментов нема загрозени куќи.
-Вчера бев сведок на запалени куќи во Богословец, но тоа беа стари ненаселени или пак се работи за викендици, додаде Ангелов.