Иницијативата за велепредавство на шефот на опозицијата, Зоран Заев, поранешниот генерал и лидер на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, ја толкува како пропаганден спин.

Ова е еден од многуте обиди, вели Ангелов, за поделба на народот и раздор меѓу Македонците, како и одвлекување на нивното внимание од доказните материјли против власта кои ги обелоденува опозицијата, ги пренесува неговите оценки А1Он.
„Иницијативата е една од многуте пропагадни спинови на потесното раководството на ВМРО-ДПМНЕ со кое се обидуваат да го одвлечат вниманието на јавноста и да го насочат гневот на граѓаните кон лидерот на опозицијата. И на последниот граѓани кој ќе се потпише на иницијативата, јасно му е што се случува во државата„,– вели Ангелов, кој смета дека ова е продолжување на процесот за закравување на Македонците кој започна со нивно доаѓање на власт.