Од самиот старт премиерот најавуваше дека ќе преземе драстични мерки во правосудниот систем. За промената на јавниот обвинител најпрво треба да се добие согласност од Советот на јавни обвинители. Секој систем и процес започнува со некоја поставка. Се надевам дека овде нема да се застане. Сепак, не се согласувам со тезата дека сите обвинители и судии се корумпирани. Познавам многу чесни луѓе кои работат во тој правосуден систем, изјави синоќа директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во емисијата „Само вистина“.
Ангелов додаде и дека кај нас ако зборуваме за корупција, имаме и микрокорупција. Според него, како што вели, граѓаните треба да знаат дека и носењето бонбониера кај некој доктор или друг авторитет е коруптивно дело, но, ние го доживуваме како укажување почит кон некого.
-Почнува од бонбониерите и ако наиде на некој поголем авторитет од другата страна кој што има поголеми апетит, тогаш некој од нив ќе посегнат по нешто поголемо што би го дале. Сето ако гледаме вертикално добива големи димензии, но решителноста на премиерот и Владата ми дава надеж дека ќе имаме голем напредок, изјави лидерот на Достоинство по најавите на Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.