Ангелов: Излевањето на Вардар кај Аеродром може да ја оштети само велосипедската патека

од Nikola Popovski
284 прегледи

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека излевањето на реката Вардар кај новиот мост во реката Аеродром не претставува опасност за граѓаните, освен за потенцијалните шетачи.

-Поради градежен зафат е направен насип со кој што е попрече делот од речното корито, поради што доаѓа до подигнување на нивото на Вардар. Го известивме градот Скопје и компанијата која го гради мостот, изјави Ангелов пред новинарите.

Според него, и покрај најавените врнежи во наредните денови, не постои опасност од излевање на реката во околните згради, туку од езерување на овој дел од речното корито и може да поплави само стотина метри од кејот на Вардар и да ја оштети велосипедската патека.

-Доколку имаме силни дождови и нагло топење на снегот, компанијата целосно да го отстрани насипот и за него ќе им биде потребно повеќе од еден ден. За половина час е можно да се направи канал низ насипот, за водата да истече и водата да се намали. Има овде тешка механизација. Нема потреба од паника, не постои опасност од поплава, информира Ангелов.

Од ЦУК велат дека над мостот, конкретно над препреките од десната страна на коритото, зголемениот водостој на реката предизвикува заезерување и е на самата граница на висината на максималната кота на кејот, на потегот од мостот во градба до ПИОМ.

Слични содржини