275
„Како држава имаме ограничени ресурси, без разлика која партија е на власт и која и да е наредна, нашите ресурси ќе бидат ограничени“, изјави денеска на прес-конференција, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Според него, тоа мораме да го сфатиме, но и треба да работиме на зголемување на постојниот капацитет.
„Нашите капацитети се тие со години и со децении наназад. Владата е подготвена да учествува во санацијата на целата штета. И многу помоќни земји од нас, не можат да се справат со пожарите, како САД, Турција или Канада“, посочи Ангелов.