Ангелов: Ќе се предложи до Владата да се ангажира НАТО механизмот за помош

од Nikola Popovski
92 прегледи

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на последниот пресек во однос на пожарите во државата, информира дека состојбата е тешка, но не е алармантна. Според него, како држава имаме доволно припадници на Армијата и полицијата. Вели дека граѓаните не можат секаде да бидат од корист.

-Граѓаните може да бидат корисни во одбрана на населените места или ако е загрозено некое село. Во гаснењето на пожарите, граѓаните не треба да учествуваат, освен доколку не бидат прифатени од локалните командири на територијалните противпожарни единици, рече Ангелов.

На седницата на Управувачкиот комитет било донесено одлука да ѝ предложат на Владата, да се ангажира НАТО механизмот за помош, кој во суштина ги нуди истите работи како и механизмнот на ЕУ, но со разлика што со него можеме да бараме и помош во искусни пожарникари.

Во моментов најсериозни пожари има: кај Пехчево, пожарот на територија на Старо Нагоричане, кај Кратово, кај Македонски Брод, на територија на Свети Николе, во кумановско кај Кшање…

Слични содржини