Ангелов: Клубот „Ванчо Михаилов“ беше отворен со намера да биде запален

од Nikola Popovski
376 прегледи

Директорот на ЦУК и претседател на „Достоинство“, Стојанче Ангелов смета дека мнозинството граѓани го оправдуваат палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михаилов“.

-Овој клуб беше отворен со оваа намера, за да биде запален и искршен. Намерата од бугарските власти беше за да се запали. Изборот на контроверзна личност од старт е провокација. Ламбе како млад човек од негови познати причини го запалил. Името „Ванчо Михаилов“ е дел од нашата историја и еден од претседателите на ВМРО. Тој е претходник на Љубчо Георгиевски, ако ги броиме конгресите на ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да е контроверзен, тој е дел од нашата историја, вели Ангелов во емисијата „Само вистина“.

Според него, ако не беше пејачот Ламбе Алабаковски, некој друг ќе наседнеше на провокацијата.

-Штетата ќе беше поголема доколку не се дозволеше отворање на клубот под вакво име. Сега вината е индивидуална. Не би требало Алабаковски да постапи така. Го оправдувам неговиот револт, но не и начинот на кој реагирал. Ние сме држава и имаме механизми како да ги решиме овие крупни прашања, додаде Ангелов.

Слични содржини