Ангелов: Крстот на Попова Шапка не е доминантен, таму имаме нелегална џамија

од Nikola Popovski
294 прегледи

Претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека поставениот 15-метарски крст на црковно земјиште на Попова Шапка воопшто не е доминантен.

-На Попова Шапка имаме нелегална џамија. Четири ката се, со големо минаре. Немам реагирано за неа, иако се сомневам дека било кој оди во неа, затоа што Албанци не живеат на Попова Шапка. Некои работи наликуваат на провокации како гласните повици од минарињата, или посетата на премиерот на Косово Курти. Дали ние треба да молчиме на ова? Затоа треба да се каже стоп, рече Ангелов.

-Јас се борам за помирување. Јас со букет цвеќе отиде во Липково и оддаде почит на загинати Албанци цивили кои што настрадале во 2011 година. На отворањето на спомен-куќата во Сопот отиде Али Ахмети. Тој не е некој, туку најмоќната политичка фигура во албанскиот политички блок. Делот на споменици на УЧК јас го прифаќам и не реагирам. Не ми смета нивните споменици. обележје на УЧК имаме и во Чаир. Но јас сум иритиран од картата на Голема Албанија. Разбирам дома да има, но во службени простории или музеи, праќаме многу лоша порака, рече Ангелов во емисијата „Студио 10“.

Според него, ако ДУИ не реагираше јавно, целата ситуација ќе поминеше незабележано.

-Се работи за релативно помал крст. Во однос на џамијата, не е споредлив. Ако и тоа го премолчиме, што е следно?, праша Ангелов.

Слични содржини