Ангелов: Лани ја спасив Македонија да не изгори, се чувствувам како мајстор кој поправа

од Nikola Popovski
39 прегледи

Откако ја спасив Македонина лани да не изгори, не добив унапредување бидејќи позицијата во ДЗС е релативно пониска во однос на ЦУК. Премиерот не ме казни туку се чувствувам како мајстор кој што поправа расипани работи. Минатиот пат, кога претходниот премиер ме прати во ЦУК, беше за да ја доведам институцијата во ред бидејќи беше падната и нефункционална. Сега премиерот ме праќа да ја кренам ДЗС која се наоѓа во хаотична состојба, изјави првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов за неговата нова функција во пресрет на летните месеци и периодот на пожари низ земјава.

Тој информира дека еден од авионите за гаснење на пожарите „ер-трактори“ е вратен од сервис, а останатите два се заглавени на сервис поради финансиски потешкотии бидејќи, како што вели, ДЗС сама не може да се сноси трошоците за поправка и сервисирање. Очекува помош од Владат.

Како што истакна директорот на ДЗС, недостигаат двајца пилоти и во тек се разговори со еден пензиониран пилот.

-ДЗС има само еден пилот, но нема ефективна дозвола за летање за гасење на пожари. Тој смее да лета само тренажно, рече Ангелов во вестите на Тв Сител.

Ангелов рече дека се надева оти ДЗС и ЦУК ќе се обединат и дека благодарение на поддршка на премиерот Христијан Мицкоски, тој процес би можел да се заокружи по локалните избори.

Слични содржини