Ангелов: Луѓе крадат сообраќајни знаци и прават печки за ајвар

од Берта Китинска
358 прегледи

Зборувајќи за пожарите во малешевијата и нивно навремено откривање, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов рече дека се размилува поставување на камери, но дека истите треба да бидат сочувано од кражби.

„Разгледуваме една можност да поставиме камери кои детектираат пожари на 20-30 километри и чад. Но размислуваме како да ги заштитиме тие камери од грабежи. Знаете, луѓето крадат сообраќајни знаци и потоа прават печки за ајвар. Затоа размислуваме како овие камери би ги заштитиле“, кажа Ангелов во „Клик Плус“.

Слични содржини