Ангелов: На улица се чувствувам како херој, „растуривме“ со ВМРО-ДПМНЕ на изборите

од Nikola Popovski
141 прегледи

Во моментов во државата нема ниту еден функционален ер-трактор, но јас сум оптимист дека набргу ќе ги имаме трите авиони заедно со пилотите, изјави денеска новиот директор на ДЗС, Стојанче Ангелов на првата прес-конференција откако седна на новата функција. Како што појасни, ер-тракторите се наоѓаат на сервис.

-Постојат одредени проблеми, но, верувам дека брзо ќе бидат отстранети и истите ќе бидат вработени во државата во пресрет на престојните пожари, кажа Ангелов и најави жестока работа во ДЗС.

На новинарско прашање, тој истакна и дека е прв во Македонија кој побарал амнестија на осудените за упадот во Собранието и „крвавиот четврток“ на 27 април 2017 година. Вели дека во ниту еден момент не сметал дека тие се терористи.

-Можеби погрешиле, но далеку од тероризам, кажа Ангелов и додаде:

-Јас знам дека на улица се чувствувам како херој бидејќи и каде да се движам, ми приоѓаат луѓе кои ми честитаат на работата и тимот што го предводам. Верувам дека така ќе биде и понатаму. Изборите тоа го кажаа. Јас бев коалициски партнер со ВМРО-ДПМНЕ и на нив политички растуривме. Сега пак имаме избори за неколку месеци, па ќе видиме дали се во право овие кои напаѓаат на социјалните мрежи или ние како дел од Владата или конкретно јас како директор на една од владините институции.

Слични содржини