Ангелов на јаже преку клисура на голема спасителна вежба во Мрежичко

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Голема важба за спасување се реализираше денеска во кавадаречкото село Мрежичко, во организација на Спелеолошката федерација.

Во нејзини рамки, присутните, меѓу другото, имаа можност да го видат директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на јаже преку клисура, длабока триесетина метри.

Posted by Стојанче Ангелов on Sunday, May 9, 2021

– Денеска алпинист падна од карпа висока 80 метри. Целиот искршен, остана да виси на висина од околу 40 метри. За среќа, ова е само дел од сценариото на вежбата. Восхитен сум од љубовта којашто ја видов кај вас, им се обрати Ангелов на членовите на спасувачките тимови.

Тој нагласи дека е восхитен од нивната љубов кон височините, карпите, алпинизмот, но најмногу кон човечкиот живот.

-Бидејќи, бесценето е тоа за што сте обучени. Затоа што спасувате човечки животи, ризикувајќи ги сопствените. Вашата вештина што сте ја стекнале макотрпно без никаква помош од државата, треба да биде надоградена. И понатаму како држава, треба дел од вас да бидат ставени во новата институција што ќе го менаџира кризниот менаџмент, а за којашто ќе треба извесно време. Значи потребни се длабоки системски реформи, за да може овие луѓе да бидат ставени во системот на државата, во системот на управување со кризен менаџмент, за нивните вештини да бидат на располагање за помош на тие што имаат потреба од спасување, рече Ангелов.

Posted by Стојанче Ангелов on Sunday, May 9, 2021

Слични содржини