Ангелов: Најмногу ќе се фокусираме на пожарот на Серта, зафаќа голем фронт

од Nikola Popovski
212 прегледи

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов доцна синоќа информираше дека пожарот на планината Серта е воглавно на една точка, покрај самиот пат од раскрсницата на 20 километри меѓу Штип и Радовиш, во насока на Неготино.

Според Ангелов, горат повеќе борови и се очекува пожарот да се прошири во текот на утринските часови.

-Нашиот фокус ќе биде ставен овде. Доколку другите не побараат употреба на воздухоплови, најголемиот дел од нив ќе ги фокусираме на Серта. Трае долго време и зафаќа голем фронт. Карактеристично за него е што истиот стивнува. По патот немаше други огнени точки и со покачувањето на температурите тој повторно ќе се разгори во текот на денот, рече Ангелов во обраќање.

Слични содржини