Ангелов не сака повторно да биде директор на ЦУК: „За мене тоа е изживеана работа“

од Nikola Popovski
214 прегледи

Апсолутно не. Нашиот главен интерес се бранителите. Доколку некој побара од мене да го предводам процесот на трансформација на системот на ЦУК, тоа за мене би било предизвик. Позицијата директор на ЦУК е изживеана работа и јас би се повлекол. Има други млади луѓе кои можат да го работат истото, вели претседателот на Достоинство и прв човек на ЦУК, Стојанче Ангелов за тоа дали ќе инсистира од евентуално новата влада, за да ја задржи сегашната директорска функција.

Ангелов зборуваше и за денешниот пожар што ја зафати Универзалната сала во Скопје.

-Зборував со командантот на Скопската противпожарна бригада, на кого му понудив помош, доколку има потреба од хеликоптер. Сепак леталото ќе биде ограничено поради високите згради во близина. Хеликоптерите само надлетуваат и фрлаат вода, истакна директорот на ЦУК.

Според него, пријавата за пожарот ја добиле во 112 и веднаш била проследена кон Противпожарната територијална единица на Град Скопје.

Слични содржини