Ангелов „неофицијално“ кажа дека на пироманите во Вардариште им се дадени пари, ги нарече „глупост“ податоците на ОН за размерот на пожарите во Македонија

„Оваа Влада покажа неспоредливо поголема активност, во однос на пожарите“

од Vladimir Zorba
450 прегледи Фото: Фејсбук/Стојанче Ангелов

Почетниот пожар е од палење кабли, а неофицијално имам информации дека на тие што палеле кабли им се дадени пари за вечерта да запалат пожар, а потоа истото да го направат и другиот ден. За пари. Ова синоќа го изјави Стојанче Ангелов, прв човек на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

На прашање дали е свесен дека 25 отсто од Македонија е настрадана од пожари, податоци кои се на Обединетите нации (ОН) тој рече дека тоа е „глупост“.

„Тоа дека 25 отсто од државата е изгорена е глупост. Ова е глупост. Обединети Нации измериле колку изгорело во Македонија? Двојна глупост е ако е на ОН. Оваа година изгоре помала површина од лани. Ако они мереле трева и грмушки, тоа е друго“, кажа Ангелов.

Порача и дека оваа Влада, за разлика од претходната, „покажа неспоредливо поголема активност, во однос на пожарите“.