Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов истакна предлог-законот за бранителите не се работи за бранителите, туку за загинатите во двете хеликоптерски несреќи кај Блаце и Струмица, за загинатите во „Диво Насеље“, за сите загинати припадници на АРМ и полицијата од 1991 година до денес и за десетина семејства на загинати бранители од 2001 година. Според Ангелов, ниту еден жив бранител не е опфатен со овој закон и терминот Закон за бранители е целосно погрешен.
-Просторот да се објасни оваа шашма што ја направи пратеничката (Славјанка) Петровска е многу мал. Пишувањата на Фејсбук ќе видат неколку илјади луѓе, како и гостувањето на било кој медиум…Кај граѓаните е вообичаено именувањето на овие закони како Закон за бранители. Сепак, Петровска како министер за одбрана несебично се заложи и благодарение на неа беше надмината голема неправда кон четири воени инвалиди кои со камата ги враќаа земените пари како оштета. СДСМ беа 7 години на власт и не донесоа Закон за бранители, ниту некое козметичко дополнување на постоечкиот закон, рече Ангелов во емисијата „Аргумент плус“.
Според него, со ставањето на семејствата на настраданите во хеликоптерските несреќи во овој предлог-закон, тие се заглавени поради 15-тината семејства на загинатите бранители. Ангелов порача дека „на јавноста ѝ е фрлен песок во очи“.
-Вешт политички маневар со кој што се нанесува штета на владеачката коалиција – и Левица исто така го користи моментот за напад на власта. Додека не беше упадот на Славјанка Петровска, бидејќи нејзината грижа за бранителите откако СДСМ замина во опозиција малку е сомнителна, ние на мала врата ќе ги поминевме овие 15-тина семејства со мала измена што немаше да биде закочена. Ја сум реалист во политиката и во услови кога наесен не очекуваат локални избори, на ВЛЕН не им одговара да помине овој закон во Собрание во било каква верзија. Ќе бидеме трпеливи да завршат локалните избори. Ние се изнамачивме сите овие години, додаде поранешниот генерал и актуелен директор на ЦУК.