Ангелов: Од денес слободно движење на Водно и низ останатите планини и шуми

од Nikola Popovski
465 прегледи

Поради нејаснотиите и различното толкување на олабавувањето на Забраната за движење во шуми и шумски предели како и поради значително намалената опасност од шумски пожари, Главниот штаб за управување со кризи и препорача на Владата на РС Македонија да се укине оваа забрана, објави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Според него, на владината седница која се оджа во вторник (24.08.21) Владата препорачала укинување на оваа одлука според предвидената законска процедура после што министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на предлог од ЈП Национални Шуми донело Одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели со тоа што МВР и Шумската полиција ќе спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.

-Одлуката стапува на сила од денес, информира Ангелов.

Слични содржини