Ангелов од Тетово: Се обидуваме да го локализираме пожарот од делот со експлозивни материи

од Берта Китинска
250 прегледи

Во овој момент работиме на детекција на воздухот, односно дали има отровни гасови и какви. Состојбата во овој момент од аспект на отровност на гасови не е алармантна, кажа првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

-Според информациите што ги имаме, има зголемено ниво на ПМ честички, гаснењето со вода на ваков пожар директно од воздухот може да доведе до распламтување на пожарот. Од тие причини побаравме по самата линија на пожарот да биде фрлена водата, односно пожарот да биде пресечен да не се пренесе во задниот дел каде што има садови со експлозивни материи, рече Ангелов.

Слични содржини