Ангелов: Општините да ги исчистат каналите за да не се изненадиме од обилните врнежи

од Nikola Popovski
299 прегледи

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска преку прес-конференција испрати апел со локалните самоуправи да си ги исчистат каналите, за да „ не се изненадиме од обилните врнежи“.

-Апел до општините да преземат се што е потребно за чистење на одводите и поставување на насипи близу речните корита, доколку е потребно, вели Ангелов.

Тој информира дека критичните точки во земјава се исчистени.

-Врнежите се добредојдени и продонесоа за зголемување на водостоите на реките кои беа под просекот, а врнежите беа значајни и за природните езера, соопшти Ангелов.

Слични содржини