Ангелов: Оптимист сум дека бранителите ќе бидат обесштетени, ќе ја напуштиме Владата доколку не помине иницијативата

од Nikola Popovski

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов денеска во изјава информира дека има преговори во Владата за разрешување на статусот на бранителите од 2001 година и нивно обесштетување.

-Од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието беше предложен предлог-закон за измени и дополнување на постоечкиот Закон за бранители. За жал пратениците на СДСМ гласаа против и тој предлог-закон не помина. Меѓутоа истите барања ги имаме во една предлог-одлука од достинство што е доставена до Владата. После нашата најава дека размислуваме да ја напуштиме владината коалиција, премиерот имаше јавни настапи и кажа дека таа ќе биде сериозно разгледана. Имавме и широка коалициска средба, на која што учествуваа сите партнери во власта и добив перцепција дека Владата ќе донесе одлука. После долги години агонија на бранителите, течат преговорите и јас сум голем оптимист дека иницијативата за праведно обесштетување на воените инвалиди ќе биде решена и ќе се исправи неправдата. Доколку Владата ја отфрли иницијативата, ние ќе ја напуштиме Владата, рече Ангелов.

Тој додаде дека бројката на лицата кои би биле обесштетени не е поголема од 30 и дека станува збор за отприлика 15 семејства на загинати бранители.

Слични содржини