Ангелов оствари увид на критичните точки за поплавување во Општина Бослово

од Берта Китинска

Директорот на Центарот за управувањесо кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов заедно со грдоначалникот на Општина Бослово, Ристо Митев, беше на терен за увид на критичните точки за поплавување на реката Струмица, а и на месните локални канали каде што се излева водата при голема надојдена вода од врнежи и порои, како што беа неодамнешните декемвриски поплави во оваа општина, соопштија од ЦУК.

-Притоа, беа разгледани потребите и можностите за идна координација на употреба на ресурсите и субјектите од Системот за управуваање со кризи (СУК). Посетата беше остварена на покана на градоначалникот на општината, велат од Центарот за управување со кризи.

Слични содржини