Ангелов: По изборите ќе се реализира договореното за бранителите, сега не за да не се ослабне ВЛЕН

од Nikola Popovski
47 прегледи

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори, а СДСМ да освои само неколку општини. Тој информира дека неговата партија останува во коалиција со партијата на Христијан Мицкоски без никакви амбиции на изборите.

Тој призна дека темата за бранителите е чувствителна и може да предизвика критики, но според него, потребно е да се одржи политичката рамнотежа и да не се даде простор за враќање на ДУИ.

-Очекувам после изборите да биде реализирано она што го договаравме во делот на бранителите. Не сега бидејќи тоа ќе го ослабне нашиот партнер ВЛЕН. Јас размислувам стратешки. Ослабувањето на ВЛЕН во моментов ќе ја отвори вратата на ДУИ. Дали треба тоа да го направиме, рече Ангелов во емисијата „Само вистина“, додавајќи дека „на толку чекање, нема да сменат ништо неколку месеци“.

Оваа изјава доаѓа во време кога политичките тензии меѓу владејачката коалиција и опозицијата се високи и укажува на внатрешни договори меѓу владејачките партии за прашања како што е Законот за бранители.