Ние би биле среќни како власт и како народ, кога не би постоел проблемот со Бугарија. Тоа е непосакуван проблем од кој што целата држава трпи огромна штета, вели директорот на ЦУК и лидер на Достинство, Стојанче Ангелов.
Ангелов истакнува дека е отворен по прашањето за референдум.
-Тоа е највисок облик на демократија на граѓаните и сметам дека на граѓаните треба да им се даде можноста да се изјаснат. Ја осудувам постапката на претседателот на Собранието Џафери кој искористи правни лавиринти да не дозволи референдум. За жал, и јас како претседател на Достоинство инициравме референдум со четири прашања и тогашниот претседател на Собранието Трајко Велјановски не ни дозволи. Принципиелно поддржувам било какво референдумско прашање, рече Ангелов во емисијата „Само вистина“.
Според него, референдумското прашање би било подобро кога би гласело „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, без прифаќање на собраниските заклучоци тој и тој“.
-На тој начин граѓаните можат да одберат дека сме за влез во ЕУ, но без тие понижувачки услови од овој модифициран француски предлог. Јас давам поддршка на било кое прашање, додаде првиот човек на ЦУК.