Сметам дека постапката на Ламбе, колку и на прва е симпатична, јас го разбирам, но не можам да го оправдам. Кај граѓаните во јавноста, неговата постапка наиде на одобрување, но затоа е виновна бугарската страна, бидејќи антагонизмот дојде на такво ниво, да ние на еден ваков чин гледаме со симпатии, изјави во Утрински брифинг Стојанче Ангелов, лидер на Достоинство и директор на ЦУК.
Тој објаснува дека од неколку аспекти целиот случај со Клубот е провокација на која „падна“ државата и граѓаните.
-Прво изборот на Градот Битола за отворање на еден ваков клуб во кој нема Бугари односно или има стотина според пописот на населението, потоа намерното бирање на името на овој клуб – Ванчо Михајлов е однапред смислено за провокација. Јас и вчера кажав, овој клуб Ванчо Михајлов беше отворен за да биде искршен или запален. Тоа е однапред смислена провокација на која што наседнавме, вели Ангелов.