Ангелов потпиша договор со пензионираните пилоти кои повторно ќе ги гасат пожарите во земјава

од Nikola Popovski
61 прегледи

Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилота за противпожарнита авиони „Ер трактор“, Стоје Арсовски и Васко Михалчев.

Со ова авионите на ДЗС ќе бидат оперативни за противпожарно дејство за гаснење на опасните пожари на отворено во нашата држава.

Инаку, вториот авион на ДЗС се очекува за кратко време да биде вратен од редовниот сервис од Австрија.

Во моментов, државата има само еден пилот за гасење шумски пожари со авион, бидејќи двајца пролетва отидоа во пензија. Нови не се вработени оти беа распишани изборите и не можеа да се објавуваат огласи за вработување.

Слични содржини