Ангелов потврди дека пожарот во Трубарево е целосно изгаснат

Останати се дежурни екипи на Скопската противпожарна бригада и доколку се утврди било какво чадење, истите ќе дејствуваат со специјална пена

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Принтскрин

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов информираше дека пожарот во Трубарево е целосно изгаснат и целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Според него, утринава на неколку места имало слабо чадење, но врз истото се интевенирало со специјална пена и дозатрупување со земја и песок.

Останати се дежурни екипи на Скопската противпожарна бригада и доколку се утврди било какво чадење, истите ќе дејствуваат со специјална пена.

-Состојбата во депонијата Дрисла е драстично подобрена и останува сосема мал дел да биде дозатрупан. Очекувам во текот на попладнето, да биде целосно затрупано местото кое што изминатите денови чадење. Со тоа целосно се затворени двата пожари, кажа Ангелов во видео-обраќање.